Short Film

Во социјалните науки, суперструктура е склоп од социо-психолошки континуитет на резултати (feedback) кој одржува кохерентна и значајна структура во дадено општество, или пак на дел од него. Може да содржи: култура, институција, моќни структури, социјални улоги и ритуали во општеството. Во исто време преку условно однесување, воведува склоп на инхибитори и индикатори на човечката активност на стабилен и ефективен начин.

Преку повеќе социолошки шеми, суперструктурата не се однесува директно на специфични материјали на организации како училишта, театри и сл., но повеќе на склоп од психолошки и семантички конфигурации каде што структурата се рационализира и репродуцира на ниво на човек. Тоа би значело „невидлива сила„ во позадина или пак, антропоцентрична причина за постоењето на самата структура.
Гледајќи низ социолошка перспектива, суперструктурата може да се открие при испитување на меѓучовечни чинови кои настануваат во типични склопови од ситуации, односно преку херменаутика од социобиологијата.

 
 

architecture
photography
short film
 
curriculum
contacts